Услови за испорака

Е-Маркет може да побара дополнителна потврда, вклучително по телефон или е-пошта. Во случај да биде откажана горебараната информација, тоа автоматски води до отказ на порачката со или без дополнителна информација.

Е-Маркет не сноси одговорност за доцнења во случај кога задоцнувањето е предизвикано од компанијата која ја врши испораката или поради причини независни од Е-Маркет.

Превозот се врши преку доставни служби ангажирани за транспортните услуги.


Тарифник за испорака

За испорака на нарачаните производи со тежина до 3кг на територијата на Македонија, доставата се наплаќа 150 ден.

За испорака на нарачаните производи со поголема тежина и габарит, се наплаќа според ценовникот (кликни тука на Тотал Пост Логистик, кој е овластен партнер за испорака на Е-Маркет.


Рок на испорака на територијата на град Скопје е 2 работни денови од приемот на порачката.

Рок на испорака на територијата на Македонија е 3 работни денови од приемот на порачката.


Други услови за испорака

Веднаш по испораката, производите треба да бидат внимателно прегледани од страна на купувачот или лице ополномоштено од него. При евентуални оштетување, удари или други штети установени при испораката, потребно е штетата да се пријави во одделот за on-line продажба на е-маил contact@e-market.mk или на телефон 078444021. При наведени невистинита или грешна адреса, лице за контакти и/или телефон при во порачката, Е-Маркет не е обврзан на какво и да било исполнување на истата.


При предавање на производите, купувачот/клиентот или трето лице задолжително потпишуваат испратница и други придружни документи. За трето лице се смета секој, чие име не е наведено во порачката, но го прима производот на адресата наведена на порачката.

Во случај, кога Клиентот не е достапен за исполнување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или не е обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, Е-Маркет се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во порачката.

Кога испорачаните производи не соодвествуваат на порачката, Клиентот може да побара производите да му бидат заменети со нови, доколку направи нова порачка во рок од 24 часа од испораката.

Потрошувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини.

Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или фактурата или сметко потврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.


Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот Е-Маркет нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:

- да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или

- да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.

Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето (според Член 50 од ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ).


За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број 078 444 021, или по email: contact@e-market.mk