Заштита на лични податоци 


Политиката на приватност на Е-Маркет појаснува каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на оваа веб страна. Оваа политика на приватност се однесува само за Е-Маркет и поддомените, а доколку е присутен линк кој поврзува со други веб страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.


Секој купувач при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.


Сите лични податоци кои корисникот ги внесува преку регистрација се користат за успешна достава на производот и реализација на плаќањето, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни. 


Информациите кои нам ни се потребни се: Име и презиме, e-mail адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт. 


Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Македонија. 


Доколку крајниот корисник не сака да добива електронските пораки, во секое време по регистрацијата може да ја избере опцијата за укинување на електронските пораки на означеното место или со известување на  email contact@e-market.mk (поништување билтен), кој се наоѓа во секојa билтен порака. 


Е-Маркет не собира никакви информации од финансиска природа како број на Картичка и/или број на банкарска сметка. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на CaSys.


Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на CaSys. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.


Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци.


Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и Е-Маркет нема намерно да собира или користи податоци од малолетни лица.


Заштита на податоците Е-Маркет ги сфаќа со сериозност и презема бројни мерки на претпазливост за заштита на личните податоци. За жал, нема пренос на податоци преку интернет или било која безжична мрежа која може да биде 100% сигурна. Како резултат на тоа, додека Е-Маркет спроведува комерцијално разумни безбедносни мерки за заштита на податоците не може да ја гарантира безбедноста на какви било информации пренесени или со веб-страната Е-Маркет и не е одговорен за постапките на било која трета страна на такви информации. 


Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб странатa најмалку 30 дена пред да стапат во сила.